Западен Брег: Израел испрати дополнителни сили

Израел испрати дополнителни сили на Западниот Брег и во Појасот Газа поради страхувањето од нов бран палестински самоубиствени напади. Претходно, израелскиот премиер Ариел Шарон ја предупреди палестинакста власт дека доколку не успее да ги совлада милитантите нема да дозволи палестинска држава иако е тоа предвидено со американскиот мировен план за Блискиот Исток.