Калифорнија: Избори за гувернер

Гласачите во американската држава Калифорнија денеска треба да се изјаснат дали се за отповикување на актуелниот гувернер од Демократската Партија Греј Дејвис, кој се смета за одговорен за падот на економијата и за буџетскиот дефицит. Според последните испитувања на јавното мислење, доколку Дејвис биде отповикан, најголеми шанси на изборите има актерот Арнолд Шварценегер, кој е кандидат на Републиканската партија.