Њујорк: Консултациите за новата резолуција за Ирак без знаци на прогрес

Новите консултации во Советот за безбедност на Обединетите Нации за нацрт резолуцијата за Ирак завршија синоќа без знаци на прогрес. Американскиот амбасадор Џон Негропонте изјави дека преговорите ќе продолжат. Вчера претседателот Џорџ Буш најави реорганизација на американските напори за стабилизација на Ирак преку формирање посебно тело, на чие чело ќе биде советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс.