Рим: Започна конференција на ЕУ за новиот устав

Денеска во Рим започна конференцијата на која лидерите на 15 земји на Европската Унија и 10-те идни земји членки треба да дискутираат за Нацрт Уставот на Унијата. Се очекуваат тешки дискусии особено за прашањето на поделбата на моќта на одлучувањето која, според Нацртот, ја имаат големите држави. 18 држави бараат ревизија на драфтот во областите на правото на глас, дистрибуцијата на власта во Европската Комисија. Франција и Германија се за прифаќање на Нацрт Уставот без промени. Велика Британија не сека да се откаже од правото сама да решава за даночната политика, како и одбраната. Шпанија, Италија и Полска бараат во Уставот на Европската Унија да биде јасно дефинирано европското еврејско и христијанско наследство. Во близина на Рим инаку полицијата се судри со демонстрантите на анти глобалистичките протести кои се во тек.