Њујорк: Презентирана изменетата резолуција на САД за Ирак

Соединетите Држави им ја презентираа изменатата нацрт резолуција за Ирак на постојаните членки на Советот за Безбедност – Русија, Франција, Британија и Кина. Во Нацртот се нуди засилување на улогата на Обединетите Нации во обновата на Ирак но не и примарна улога како што бараа некои од членките на Советот. Во резолуцијата се наведува дека американската окупација е привремена, се повикуваат ирачаните за брзо и прогресивно преземање на власта меѓутоа не се дадени временски рокови за изработка на устав и одржување избори во земјата.