Варшава: Воведени визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Украина

Од денеска Полска воведе визи за државјаните на Русија, Белорусија и Украина. Визниот режим е дел од полските мерки за зајакнување на контролата на границите пред зачленувањето во Европската Унија во мај наредната година.