Лондон: Блер ќе говори на годишната конференција на Лабуристичката партија

Британскиот премиер Тони Блер, соочен со растечка критика во земјата поради испраќањето војници во ирачката војна, денеска за оваа одлука ќе говори на годишната конференција на неговата Лабуристичка партија. Најновото истражување на јавното мислење чии резултати денеска ги објавува весникот Индипендент покажува дека над шеесет насто од британците веруваат дека Блер лажел кога тврдел дека режимот на Садам Хусеин претставувал закана.