Москва: Здравствената состојба на чеченскиот претседател подобрена

Здравствената состојба на чеченскиот ве – де претседател Анатолиј Попов е подобрена, иако се уште не се знае од што било отруен. Попов вчера ручел во чеченскиот град Гудермеш по што е префрлен во Москва. Тој е еден од кандидатите на претседателските избори кои во Чеченија ке бидат одржани в недела.