Техеран: Иран подготвен да соработува со нуклеарната агенција на ОН

Иран е подготвен да соработува со нуклеарната агенција на Обединетите Нации, но исто така сака да ја продолжи програмата со збогатениот ураниум за продуцирање гориво за нуклеарни централи, изјави шефот на дипломатијата Кемал Карзаи. Збогатениот ураниум може да се користи за нуклеарно оружје што, според Соединетите Држави, е вистинската намера на Иран. Оваа земја до 31 октомври треба на агенцијата да и понуди докази дека нејзината програма е во мирољубиви цели.