Москва: Рускиот претседател Путин се врати во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Москва по дводневните разговори со американскиот претседател Џорџ Буш во Камп Дејвид, во близина на Вашингтон. По завршувањето на самитот двајцата лидери вчера ги повикаа Иран и Северна кореја да се откажат од развивањето на нивните нуклерани програми и изразија уверуавње дека сакаат да помогнат во реконструкцијата на Ирак во демократска земја. Путин не прецизираше дека во стабилизациајта во Ирак ке помогнат руските трупи, а Буш рече дека Русија и Соединетите држави страдаат од тероризам вклучувајќи го и проблемот со Чеченија.