Охрид: Почнува Конференцијата за примена на Јадранската повелба

Во Охрид денеска започнува Конференцијата за примена на Јадранската повелба потпишана од Македонија, Албанија и Хрватска со подршка на Соединетите Држави . Целта е низ јавна дебата да бидат вклучени невладини организации и експерти кои со своите сугестии ќе им помогнат на трите земји што побрзо да ги достигнат стандардите за полноправно членство во НАТО. На конференцијата покрај премиерот Црвенковски и министрите за надворешни работи и одбрана на Македонија, Албанија и Хрватска ке учествуваат и високи преставници на НАТО, ОБСЕ, Европската Унија и други земји од регионот.