Рамковниот договор излез од кризата во 2001

Соочени со предизвикот во 2001 година, ние го најдовме излезот со потпишувањето на Рамковниот договор кој ги врати виталните демократски процеси во институциите и доведе до повторно воспоставување и реафирмација на демократските процедури во решавањето на различните внатрешни проблеми. Денеска сум горд што доаѓам тука , со исто расположение како и пред три години кога учествував на миленуимскиот самит на Обединетите Нации , дека по напорната работа е позната стратегиската иднина на Македонија , еднаш за секогаш. Со широк политички, социјален и интер - етнички консензус, напредокот кон вистинска и автентичка интеграција на сите етнички заедници во државната структура е значителен и има корени во нашиот модел на владеење и традицијата на мултикултурност и меѓу етничка коегзистенција. Македонија со голем број иницјативи во однос на евро-атланските интеграции придонесува за создавање што попозитивна слика за регионот и за соработка меѓу државите. Ние постигнавме внатрешен консензус за приоритетите на надворешната политика и свативме дека лошото наследство и несреќното минато ке биде оставено зад нас на поуспешен начин преку промовирање на нови суштествени врски меѓу народите што живеат во Југо-источна Европа. Македонија има цврста соработка со УНМИК на Косово, го поздравува наименувањето на Хари Холкери за администратор и се залага за слободно движење на луѓето преку мрежата активности за олеснување на комуникацијата. Со регионалните иницјативи и изградбата на инфраструктура на продуктивен начин се помага во издигнувањет на свест за заедничката иднина.