Рафа: Убиен петнаесет годишен Палестинец

Израелски војници денеска убиле еден петнаесет годишен палестинец, и раниле десетина други при упадот во бегалскиот камп Рафа во Појасот Газа, јавуваат агенциите. Израелски воени извори потврдија дека во тој камп на границата со Египет била спроведена операција против милитантни палестинци и оти притоа биле истрелани неколку тенковски гранати.