Њујорк: Средба Путин, Ширак, Шредер за позицијата за ирачкото прашање

Претседателите на Русија и Франција Владимир Путин и Жак Ширак и канцеларот на Германија Герхард Шредер денеска во Њујорк ќе разговараат за нивната позиција спрема ирачкото прашање. До нивната средба ќе дојде откако канцеларот Шредер ќе одржи одвоени разговори со американскиот претседател Џорџ Буш. Трите земји се под притисок на Соединетите Држави да ја поддржат новата резолуција за испраќање мултинационални сили во Ирак. Ширак по вчерашната средба со Буш изјави дека и натаму се поделни мислењата меѓу Вашингтон и Париз околу трансферот на власта во Ирак.