Баварија: Социјалдемократите на Шредер доживеаја пораз на изборите во Баварија

Социјал демократската партија на германскиот канцелар Герхард Шредер го доживеа најтешкиот пораз на изборите во Баварија од Втората Светска Војна. Христијанско-социјалната унија на баварскиот премиер Едмунд Штојбер освоила 60,9 насто од гласовите, а Социјал демократите само 19,6 насто. Нискиот рејтинг на партијата на Шредер, според аналитичарите, е последица на економската стагнација и големата невработеност во Германија.