Вашингтон: Посета на израелска владина делегација

Израелска владина делегација денеска во Вашингтон ќе разговара со претставници на американската администрација за котроверзната безбедносна блокада на Западниот Брег од страна на израелските сили. Претседателот Џорџ Буш блокадата ја оцени како проблем за мировните напори, за која израелците тврдат дека е со цел да се спречат самоубиствените напади.