Токио: Најмалку седум повредени во земјотрес

Најмалку седуммина биле полесно повредени во земјотресот што денеска бил регистриран во Токио и неговата околина. Силата на земјотресот, чиј епицентар бил на дното на Тихиот Океан, изнесувал пет запирка пет степени според Рихтеровата скала. Сеизмолозите не очекуваат земјотерсот да предизвика големи бранови познати како цунами.