Дубаи: Состанок на министрите за финансии и гувернери од седумте најразвиени земји

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од седумте најразвиени земји во светот денеска во Дубаи расправаат за движењата на глобалната економија, курсната политика и за реконструкцијата на Ирак. Агенциите јавуваат дека на состанокот главна тема ќе биде опасноста по светската економија што може да биде предизвикана од американскиот буџетски дефицит од четиристотини и осумдесет милијарди долари.