Јалта: Самит на лидерите на Заедницата на независни држави

Лидерите на земјите од Заедницата на независни држави денеска одржуваат самит на Јалта при што се очекува да усвојат документ за економска соработка до 2010-та година. На маргините на самитот, претседателите на Русија, Украина, Белорусија и Казахстан треба да потпишат договор за формирање заедничка економска зона.