Њујорк: Стотици илјади жители на Источниот брег на САД се соочуваат со ураган

Стотици илјади жители на американскиот Источен Брег денеска, според метеоролозите, треба да се соочат со ураганот Изабел. Во Северна Каролина, Њу Џерси и Вирџинија е прогласена вонредна состојба, а над сто и пеесет илјади луѓе ги напуштиле своите домови. Ветрови и поројни дождови се очекуваат и во главниот град Вашингтон поради што не работат многу служби на американската администрација. Претседателот Џорџ Буш заминал во Кемп Дејвид каде што денеска треба да го прими јорданскиот крал Абдула Втори.