Сочи: Средба Путин – Лукашенко

Претседателите на Русија и на Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко на разговорите во Сочи ја потврдија намерата за создавање економска унија со Казахстан и Украина. Путин изрази надеж дека овие 4 држави наскоро ќе ги потпишат соодветните договори за заедничкиот економски простор.