Њујорк: 58 генерално собрание на ОН

Во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк денеска започнува 58-то генерално собрание, на кое, меѓу повеќето светски лидери, во наредната недела се очекува да говорат и претседателите на Соединетите Држави и на Русија Џорџ Буш и Владимир Путин. Претставниците на 191 земја членка на Обединетите Нации ќе расправаат за меѓународниот тероризам, кризите во одделни региони, како и за економските проблеми во светот.