Талин: Граѓаните на Естонија за влез во ЕУ

Граѓаните на Естонија на вчерашниот референдум со огромно мнозинство гласаа за влез на нивнта земја во Европската Унија. Според официјалните резултати, од шеесет и трите проценти колку излегоа на гласањето, шеесет и седум насто се изјаснија позитивно. Естонија, со уште девет други земји во мај идната година треба да стане полноправна членка на Унијата.