Виена: Генерално собрание на меѓународната агенција за атомска енергија

Во Виена денеска почнува генералното собрание на Меѓународната агенција за атомска енергија. Се очекува главни теми да бидат проблемите предизвикани од нуклераните програми на Северна Кореа и Иран. Во минатиот петок Советот на гувернерите на оваа Агенција побара од Иран до крајот на идниот месец да ја обелодени својата нуклерна програма или во спротивно ќе се соочи со санкции од Обединетите Нации.