Женева: Разговори на постојните членки на Советот за безбедност

Министрите за надворешни работи на 5 – те постојани земји членки на Советот за Безбедност денеска во Женева ги започнаа разговорите за американската предлог резолуција за Ирак за авторизација на мулти националните сили и учество во обновата на земјата. Агенциите јавуваат дека разговорите ке бидат тешки бидејки Париз сака во новата резолуција да бидат определени временски рокови за предавање на власта на ирачкиот совет до крајот на оваа и одржување избори во Иракл на пролет идната година. Според американскиот државен секретар Колин Пауел тоа е тотално не реално. Домаќин на состанокот е генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан.