Виена: Состанок на меѓународната агенција за атомска енергија

Членките на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена треба да гласаат за тоа дали да му дадат на Иран краен рок за да покаже дека неговата нуклерана програма е за мирновременски цели. Соединетите Држави, Британија, Франција и Германија лобираат да биде прифатена резолуција со која Иран до триесет и први октомври треба да ја обелодени својата нуклерана програма. Официјален Техеран соопшти дека нема да го прифати тоа.
Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека сите членки на Обединетите Нации, дури и оние што беа против војната во Ирак, имаат обврска да помогнат во изградбата на таа земја. Според Буш, слободен Ирак ќе го направи светот помирен и посигурен. Вчера Кина соопшти дека го поддржува предлогот на Франција и на Русија за изменување на американската резолуција за Ирак која сега се разгледува во Обединетите Нации. Овие три земји бараат побрзо спроведување на изборите во Ирак.