Сараево: Балканска турнеја на рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов

Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов денеска ја започнува балканската турнеја, која ги вклучува посетите на Сараево, Белград, Подгорица и Љубљана. Како што е соопштено во Москва, посетата треба да ги демонстрира зголемените политички активности на Русија за решавањето на проблемите на Балканот.