Каиро: Почна министерскиот состанок на Арапската лига

Во Каиро денеска почна министерскиот состанок на Арапската лига на кој учествува и шефот на дипломатијата во ирачката привремена влада Хошијар Зебари. Овој чекор, како што оценуваат агенциите, би можело да претставува важен чекор во меѓународното признавање на ирачката преодна управа. Состанокот на Арапската лига е посветен на Ирак, на израелско – палестинскиот конфликт и на граѓанската војна во Судан.