Њујорк: Според Анан, светскиот безбедносен систем е разнишан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека светскиот безбедносен систем е разнишан поради поделбите околу најважните прашања, посебно околу Ирак. Тој ги повика членките да се заложат за радикални реформи кои на Обединетите Нации и на другите организации ќе им помогнат во решавањето на светските проблеми како што се тероризмот, сиромаштијата и кршењето на човековите права.