Авганистан: Убиени пет авганистански војници од заседа

Талибанските борци денеска во јужен Авганистан од заседа убиле 5 припадници на владините сили. Вчера на сличен начин биле ранети други 5 војници во Кандахар. Владините сили по нападите започнаа акција во која се уапсени 13 лица осомничени за врски со талибанците. И во соседната провинција Забул веќе две недели трае операцијата на авганистанските и американските трупи во која според американски извори се убиени околу 100 талибанци.