Атина: Експлозија на две бомби еден полесно повреден

Еден полицаец е полесно повреден минатата ноќ во експлозија на две бомби пред судот во Атина. Засега никој не ја презеде одговорноста , но според грчките медиуми, нападот се поврзува со завршницата на судењето на припадниците на терористичката група 17 Ноември и вечерашново отворање на Меѓународниот форум во Солун.