Белград: Намерата на Албанците за независност на Косово опасен сон

Намерата на косовските албанци за независност е опасен сон и србите никогаш нема да се согласат да ја предадат јужната провинција. Ова синоќа во парламентот на Србија и Црна Гора го изјави српскиот премиер Зоран Живковиќ, според кого, влезот на земјата во Европската Унија може да обезбеди решение за разликите околу Косово. Вчера парламенот донесе резолуција за почеток на преговори според резолуцијата на Обединетите Нации во која се вели дека Косово е интегрален дел од Србија и Црна Гора.