Тајланд: Американската економија се враќа на високо ниво

Американскиот секретар за финансии Џон Сноу на прес конференцијата на форумот на АПЕК на Тајланд изјави дека американската економија се враќа на високото ниво на економски растеж. Меѓутоа, според Сноу, за глобалното заздравување на светската економија е потребен повисок растеж на европската, азиската и посебно јапонската економија.