Вашингтон: Демократите остро го нападнаа Буш

Опозиционите демократи во Соединетите Држави каде што идната година ќе бидат одржани претседателски избори жестоко го нападнаа американскиот претседател Џорџ Буш во врска со Ирак. Во телевизиската дебата во Нов Мексико претседателските кандидати на Демократската партија го критикуваа Буш дека ги измамил Американците за заканата дека Ирак поседува нуклеарно оружје, а дека од друга страна не успеал да преземе силна акција против Ал Каеда. Буш беше критикуван и за лошо водење на американската економија.