Приштина: Ругова се надева дека силите на ЕУ и НАТО во Македонија нема да дозволат конфликт

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова, коментирајќи го порастот на тензиите во Липковскиот регион, денеска изрази надеж дека силитена Европската Унија и НАТО во Македонија нема да дозволат да дојде до конфликт. Претходно косовскиот премиер Бајрам Реџепи изјави дека владата на Косово ја поддржува македонската влада и оти секоја илегална воена и политичка дејност против Македонија е неприфатлива.