Берлин: Посета на турскиот премиер Ердоган на Германија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја продолжува посетата на Германија на разговори за турските напори за влегување во Европската Унија. Германскиот канцелар Герхард Шредер изјави дека Европа и Германија имаат геополитички интерес да и помогнат на Турција во нејзиното придружување кон Унијата. В петок Ердоган ќе ја посети Италија – актуелен евро претседавач.