Пјонгјанг: Парламентот одобри зголемување на нуклеарните сили

Севернокорејскиот парламент денеска ја одобри одлуката на владата за зголемување на нуклеарните сили како реакција на, како што се оценува во Пјонгјанг, непријателската политика на Вашингтон. Парламентот, исто така, ја поддржа владината позиција дека нема потреба од натамошни повеќестрани разговори за ова прашање. Делегатите повторно го избраа Ким Џонг Ил на чело на моќната Комисија за национална одбрана.