Кашмир: Најмалку 11 жртви во последните насилства во Кашмир

Најмалку 11 лица загинале во последните насилства во Кашмир каде што индиските владини сили соопштија дека спречиле самоубиствен напад на исламските милитанти. Агенциите јавија дека станува збор за неколку одвоени инциденти. Насилствата во Кашмир траат од 1989 кога исламските сепаратисти започнаа борба за независност на регионот од Индија.