Скопје: Владата го усвои ребалансот на буџетот

Владата на РМ го прифати предлогот за ребаланс на буџетот за оваа година. Со него се предвидува дефицит од 3,4 милијарди денари, односно 1,4 проценти од бруто домашниот производ, што е за 700 милиони денари помалку во однос на постојната проекција. Како што се вели во соопштението од Владата, ваквите измени, меѓу другото, биле потребни заради намалување на буџетскиот дефицит и одржување на макроекономската стабилност во оваа и во наредната година.