Багдад: Наименувани 25 министри на новата ирачка влада

Советот на преодната влада на Ирак наименува 25-мина министри кои ќе ја формираат првата влада по соборувањето на Садам Хусеин, е соопштено во Багдад. Тринаесет министри се шиити, петмина сунити, петмина курди и по еден христијанин и туркмен.