Скопје: Закажана седница на советот за безбедност

Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски за денеска најави седница на Советот за безбедност, на која треба да бидат договорени одредени мерки за обезбедување на мирот и стабилноста во земјава. Последните експлозии во Скопје, шефот на државата ги оцени како класичен урбан тероризам и повреда на безбедноста и стабилноста.