Москва: Русија подготвува нацрт резолуција на ОН за Ирак

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека негавата влада подготвува нацрт резолуција пред Советот за безбедност на Обединетите Нации со цел да се забрзаат меѓународните напори за изградба на Ирак. Путин кој се наоѓа во посета на Италија додаде дека резолуцијата се подготвува во соработка со Германија и Соединетите Држави.