Анкара: Ранети турски полицајци од курдски бунтовници

6-мина турски полицајци биле ранети кога вооружени напаѓачи, за кои се претпоставува дека се курдски бунтовници, пукале врз полициските станици во два града во југо-источна Турција. Курдските бунтовници се заканија дека ќе го прекинат едностраното примирје доколку турската влада, која одбива да преговара со нив, не го прифати до 1-ви септември.