Дагестан: Убиен републичкиот министер за национална политика

Во Махачкала главен град на јужната руска република Дагестан изутрината е убиен републичкиот министер за национална политика Магомедшалих Гусаев. Според агенциите, две лица во трчање поставиле магнетна бомба на неговиот автомобил кога тој влегол за да оди на работа. Ова беше втор напад врз Гусаев познат по својот остар став против исламските екстремисти.