Москва: Посета на американскиот заменик државен секретар

Заменик американскиот државен секретар Џон Болтон е во дводневна посета на Москва на разговори со руски претставници за севернокорејската нуклерана криза. Вашингтон претходно се откажа од идејата Болтон да ја предводи американската делегација на најавените шестпартитни разговори за оваа криза. Тоа е сторено откако Пјонгјанг соопшти дека нема да разговара со Болтон поради неговите неодговрни изјави во врска со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил.