Белград: Според Човиќ саботните напади во Прешево имаат цел заплашување

Потпретседателот на српската влада Небојша Човиќ изјави дека саботните напади во Прешево имаат за цел да ги заплашат граѓаните. Според него не е исклучени фанатиците и злосторниците да извршат нови такви терористички акти. Човиќ повтори дека зад АНА стои Косовскиот заштитен корпус и најави дека белградските власти ќе ги објават шемите на организираниот криминал на југот на Србија.