Берлин: Германскиот министер за одбрана очекува „Конкордија“ да остане во Македонија до пролет

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук изјави дека очекува воената мисија на Европската Унија во Македонија да продолжи до на пролет 2004 година, односно дека е можно до тогаш и да се ограничи мандатот на Конкордија. Тој изјави дека во секој случај не очекува брзи заклучоци за мисиите на Бундесверот на Балканот. Трупите нема да можат да бидат брзо повлечени од Балканот поради безбедносната ситуација, изјави германскиот министер за одбрана Петер Штрук.