Блиски Исток: Акција на израелските сили

Израелските сили изутрината влегле во Џенин, Хеброн, Тулкарм и Наблус на Западниот Брег во потрага по исламски милитанти. Според воени извори, станува збор за регуларна операција за апсење на одговорните за нападите врз Израел. Армиските сили, како што јавуваат агенциите уништиле повеќе куќи на палестински активисти, меѓу кои и домот на лицето кое го изврши завчерашниот самоубиствен напад во кој во Ерусалим загинаа 18 луѓе.