Вашингтон: Буш бара Палестинците да ги распуштат и уништат милитантните групи

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека палестинските власти треба да ги распуштат и уништат милитантните групи кои ја загрозуваат мировната иницијатива на Блискиот Исток. И генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан побара од Палестинците решителни мерки против организаторите на самоубиствениот напад во Ерусалим, а од израелците да бидат воздржани.