Ерусалим: Консултации на Шарон по вчерашниот самоубиствен напад

Израелскиот премиер Ариел Шарон одржува консултации со највисоките функционери за одбрана и безбедност околу натамошниот одговор на вчерашниот палестински самоубиствен напад во Ерусалим, кога 20 луѓе загинаа, а над 100 беа повредени. Израел веднаш ги прекина преговорите со палестинците околу предавањето на контролата врз градовите на Западниот Брег. Одговорноста за нападот ја презедоа Хамас и Исламски Џихад, а палестинскиот премиер Махмуд Абас го осуди овој акт и ги прекина сите контакти со овие две екстремистички организации.